Киев ја обвини Будимпешта дека му помага на Путин во војната против Украина

Киев во четвртокот ја обвини Унгарија дека „му помага на Путин“ во војната против Украина, ден по изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека е подготвен да го плаќа рускиот гас во рубљи, за разлика од другите земји од Европската унија кои всушност ги конвертираат валутите.

„Будемпешта мина во нова етапа: помага Путин да ја продолжи агресијата врз Украна. Со таквиот став Унгарија го разорува единството на Европската унија“, оцени портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко.

Киев ги „анализира изјавите на Унгарија која изрази подготвеност да го плаќа рускиот гас во рубљи и смета дека тоа е непријателски став кон нашата земја“, додаде Николенко.

Тој унагрскиот предлог на рускиот претседател Владимир Путин да дојде во Будимпешта која се нуди да организаира руско-украински разговори ги нарече „цинични“.

„Доколку Унгарија навистина да стави крај на оваа воја, еве што треба да стори: да престане да го поткопува единството Европската унија, треба да ги поддржи новите санкции Русија и воени да ѝ помогнат на Украина, а не да создава дополнителни извори за финансирања за руската воена машинерија“, продолжи Николенко,.

Покрај тоа, Николенко го осуди „колебањето на унгарските челници да ја признаат одговорноста на Русија за ѕверствата кои ги сторила руската војска во Буча, Ирпин и Гостомел каде што последните денови се пронајдени стотици убиени цивили“. Таквиот став „би можело да го зголеми чувството на неказнивост во Русија и да ја охрабри на нови ѕверства“.

Русија категорично ги отфрли овие обвиненија и тврди дека снимките на сите мртви цивили се исценирани провокации на специјалните служби на режимот во Киев и западните агенции.

Европската унија во петок ќе разгледува нов петти круг санкција првпат ќе опфати и енергетскиот сектор со ембарго на купување руски јаглен и затворање на пристаништата во ЕУ за руските бродови, што делумно и сега е на сила. На листата на санкционираните Руси ќе бидат ставени и двете возрасни ќерки на рускиот претседател Владимир Путин и уште неколку руски милијардери.

Петер Сијарто, шефот на унгарската дипломатија, рече претходно дека ЕУ „не учествува“ во договорот кој Будимпешта го склучува со Москва, бидејќи тоа е билатерален договор меѓу унгарската енергетска компанија MVM и рускиот гасен гигант „Газпром“.

Унгарија е една од неколку држави членки на ЕУ и НАТО коишто ги отфрлаат енергетски санкции на Брисел против Москва. Земјата е многу зависна од руските нафта и гас, а соработува и во одржувањето најзините нуклеарни реактори, а минатата година потпиша договор за долгорочна испората по повластени цени со коишто „Газпром“ е обврзан да ѝ испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, освен обвинувањата и за тортура врз унгарското малцинство, своевремено се закани и со блокирање на напорите на Киев за поблиска соработка со НАТО и Европската унија.