
Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.
Бојан Јовановски за време на изрекувањето на пресудата и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на екс-премиерот Зоран Заев.
Тој беше револтиран од моментот кога судијката убедуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа:
„Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.
„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.