Мицкоски: На народот му е преку глава од етноцентристичка политика, тој сака подобро да живее

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија посочи дека Македонија како држава сака да ја види како држава на рамноправни граѓани, Македонија на сите луѓе, каде што нема да се напредува поради проценти, туку поради знаење, вештини и компетенции. На граѓаните им е преку глава од етноцентристичка политика. Граѓаните во Македонија единствено сакаат подобро да живеат, наместо со проценти треба да се напредува врз основа на знаење и способност.
    „На народот му е преку глава од етноцентристички политики и поделби. Народот без разлика од која етничка заедница, дали се Македонци, Албанци Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, небитно, сакаат подобро да живеат. А, ние политичарите, вие медиумите и општествено влијателните, треба тоа да го овозможиме тоа, затоа што на следниот попис ќе биде милион и 500 илјади“, истакна Мицкоски.
    Тој додаде дека поради лошите политики кои ако продолжат граѓаните се повеќе ќе си заминуваат од државата, а населението се повеќе ќе се ситни.