Три од четирите први четвртфиналните дуели во Лигата на шамионите, меѓу РБ Лајпциг и Аталанта, Ајнтрахт Франкфурт и Барселона како и меѓу Вест Хем Јунајтед и Олимпик Лион звршија без победник со идентичен резултат 1:1, а единствено Брага дома минимално со 1:0 го совладата Глазгов Ренџерс.
Ајнтрахт во Франкфурт ѝ пружи силен отпор на фаворизираната но помалку заморена екипа на Барселона, па дури во некои делови од мечот ја имаше и доминацијата.
Домашните веќе во 6 минута имаше одлична шанса, преку брзата контра која ја повлече Јаспер Линдстром и со повратна топка го проигра Џибрил Совв кој од одлична позиција го промаши голот. Во 19 минута возвратија гостите, но Пјер-Емерик Обамејанг не беше прецизен. Во 38 минута српскиот арбитар Срѓан Јовановиќ досуди пенал за Ајнтрахт по стартот на Серхио Бускетс над Рафаел Боре, но на асистенција на ВАР-от судијата ја промени одлуката.
Подобрата игра германскиот тим ја ефектуираше во 48 минута, а одлиќен погодок постигна Ансгар Кнауфф. Меѓутоа, каталонскиот великан успеа по неколку замени да ја преземе иницијативата и да израмни по карактристичната за него „тика-така“ акција во 66 минута, а стрелец беше Феран Торес. Барселона во тој период од играта доминираше, но внимателно го ловеше вториот погодок имајќи предвид дека реваншот ќе го игра на својот „Камп Ноу“. И во моментите кога играчите на Ајнтрахт порешителни тргнаа кон противничкиот гол, во 78 минута бразилскиот играч Тута невнимателно стартуваше и го заработи вториот жолт картон, па домашните до крајот играа со играч помалку.
Со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Вест Хем и Лион. Можеби клучниот момент на дуелот се сличо во сидиското продолжение на првото полувреме, кога англискиот тим остана со играч помалку, откако поради остриот прекршок беше исклучен Аарон Кресвел. „Чеканите“ поведоа во 52 минута со голот на Џерод Боувен кој шутираше од шеснаесетникот, топката на патот кон голот погоди некој играч, ја смени насоката и заврши покрај немоќниот гостински голаман. Лион успеа да израмни во 66 минута, кога одбиената топка ја собра Тангуи Ндомбеле и ја смести во мрежата.
Со резултат 1:1 заврши и првиот дуел од четврточната програма, меѓи РБ Лајпциг и Аталанта. Гостите поведоа во 17 минута со голот на Луис Мурие, а израмни за домашните токму асистентот Давиде Запакоста кој во 58 минута ја погоди сопствената мрежа. Реваншот ќе се игра на 14-ти април во Бергамо. И покрај скромниот конечен резултат, натпреварот беше возбудлив со два погодока, не реализиран пенал, а уште трипати се тресеа стативите.
Единствената победа вечерва во Лига Европа ја оствари Брага која со голот на Абел Руиз во 40 минута на свој терен го совлада глазговски Ренџерс.