Дневен хороскоп за петок, 8-ми април 2022-ра

 

ОВЕН
Размислувате за спорот наместо сегашната позитивна енергија да ја споделите со домашните, коишто во изминатиот период ги запоставивте. Ве депримира непријатната атмосфера околу вас, а не гледата дека токму вие сте причината за таквото расположение.

БИК
Благодарејќи на своите способности добивате мала благодарница во вид на симболичен подарок. Во импонира признанието, без разлика на тоа што количеството на вашиот вложен труд е значително поголемо отколку подарокот што го добивате. Мудро заблагодарете се, вистинското надоместување допрва доаѓа.

БЛИЗНАЦИ
Смислувате нови начини за работа и наоѓате интересни методи со кошто се служите во текот на работата. Пречките во комуникацијата со надредените ќе ја почувствувате првенствено преку притосокот дека работата мора да биде завршена пред рокот. Бидете претпазливи во сообраќајот.

РАК
Транзитите на планетите ви носат шанса идеите, кои досега не биле сфатени, конечно да ги презентирате и да добиете поддршка од колеготе од кои тоа најмалку го очекувавте. Во претстои и официјално запознавање со влијателна личноста која ја познавате само од видување.

ЛАВ
Полни сте со себеси и потполно сте свесни по кој пат треба да оди вашиот професионален развој. Не двоумете се, прифатете ја секоја понуда во овој момент, иако на прв поглед не е примамлива. Останете во играта, бидејќи во прашање е исплатлива работа.

ДЕВИЦА
Остриот пад на енергијата ве води во нервоза и напнатост. Отворениот судир на работното мето може да ве исфрли од колосек. Работната средина во којашто се наоѓате е преполна со негативен набој, па за вас најдобро би било да се повлечете и малку да одморите.

ВАГА
Во срцето ви се вовлекле стравови. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како човек или тоа е затоа што имате моќ да им дадете нешто, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема морате да ја побарате во дното на душата која ја препознава вистината.

ШКОРПИЈА
Можете да сметата на голема поддршка на пријателите и соработницит, бидејќи во изминатиот период со своите залагања и пожртвуваност тоа сте го заслужиле кај нив. Ве очекува потпишување договор со кој вашата кариера ќе тргне во понаква насока.

СТРЕЛЕЦ
Одлични вести доаѓаат од странство. Конечно вашите необични идеи го наоѓаат патот до вистинските луѓе. Сепак, не очекувајте дека сѐ ќе оди како подмачкано. Во реализацијата ве очекува непланирана пречка. Доколку трпеливо го решите пролемот, пред вас е добра можност.

ЈАРЕЦ
Премногу сте нестрпливи, не ги контролирате емоциите. Неопходно е да покажете повеќе благодарност кон оние луѓе кои во минатото ве поддржуваа. Вашата потреба од слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во семејството.

ВОДОЛИЈА
Ве очекуваат задачи коишто ве тераат да отстапите од утврдената рутина. Иако сте работно расположени, посебните барања се напорни, бидејќи од вас се очекува да дадете сѐ од себеси, па и повеќе од тоа. Крајот на денот носи олеснување, бидејќи сте успешни.

РИБИ
Непријатните вести можат целосно да ви ја поматат концетрацијата. Вашата целосна посветеност на одредена тема може овие денови многу да ве чини доколку дозволите да ви се провлечат важни детали во врска со работата којашто секојдневно ја извршувате.