
Во одличното издание во четвртокот вечерта кошаркарите на Макаби од Тел Авив на гостински паркет ја совладаа Барселона со 104:80 во диелот од 34-то коло на Евролигата.
Макаби беше во водство од самиот почеток на мечот и на полувреме замина со предност до 57:46. Иако Барса успеа донекаде да се приближи во третата четвртина, во завршните десет минути следеше кулминацијата на доминацијата на Макабеи. Во овој дел од дуелот израелскиот тим имаше скор 28:12, и на крајот победи со убедливи 24 поени разлика.
Од Барселона може само да се издвои настапот на Алекс Абринес кој постигна 17 поени, додека на спротивната страна Скоти Вилбекин уфрли 20 а Џејмс Нанали 18 поени со 6 скокови и 3 асистенции.
Во драматичната завршница Армани Милано на гости го победи Асвел со 81:80. Играч на мечот беше Маклолм Делејни со 24 коша и пет скокови кај гостите.
И покрај поразот Барселона остана на врвот на тебелата со соодносот меѓу победи и порази 21-7. Следат Олимпијакост и Армани Милано со сооднос 19-9, додека четврти е Реал Мадрид со една победа помалку. Анадолу Ефес и Макаби имаат соодност 16-11, додеа ксемидо Монако 14-13 а осмиот Баер 13-14.