Бројките ги демантираат „успешните“ мерки на власта, инфлацијата во март е 8,8 отсто

Бројките го демантираат соопштението на СДСМ. Имено, во јануари инфлацијата беше 6.7%, во февруари месец 7.6%, за да во март месец е 8.8%, реагираат во петокот од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија посочуваат дека според бројките може да се воочи дека „мерките на СДСМ не се баш успешни“ во справување со економската криза.

„Повеќе од 35 % од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот.

За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.

Под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.

Со оваа криминална власт граѓаните секој ден стануваат се посиромашни“, се додава во соопштението.