Хрватските потрошувачи очекуваа намалување на цените на зејтинот во продавниците, бидејќи најмногу поскапел во последните неколку месеци, за околу 32 отсто, велат од Хрватското здружение за заштита на потрошувачите (ХУЗП).
Тоа го повика Државниот инспекторат да ги следи цените на храната, бидејќи споредбената евиденција покажала дека и по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 13 на 5 отсто за маслата и мастите за јадење, очекуваното намалување не се случило, пишува Вечерњи.хр.
ХУЗП ги евидентираше цените на зејтинот на последниот ден од март, ден пред да стапи на сила одлуката на хрватската влада за намалување на ДДВ за одредени прехранбени производи. Имено, од 1 април ДДВ-то на цела палета на производи, вклучително и на маслата и мастите за јадење, е намален од 13 на 5 отсто.
По една недела ХЗУП ги преевидентира цените. Споредбените цени на зејтинот пред и по намалувањето на ДДВ за храната, покажуваат дека една недела подоцна, на 7 април, цената на зејтинот била пониска за една куна само во продавниците на Шпар каде изнесувала 17,99 куни (2 евра), додека во Конзум, Лидл и Врутак цените останале исти, 17,99 куни, се вели во соопштението на ХУЗП.
Од ХЗУП забележуваат дека „постојано се контактирани од потрошувачи кои велат дека не наишле на намалени цени“. Оттаму го повикуваат Државниот инспекторат да изврши надзор и да ги информира потрошувачите за резултатите, се вели во соопштението на претседателката на ХЗУП, Ана Кнежевиќ.