Потегот на нервозниот Роналдо по поразот, Јунајтед стартувал истрага (ВИДЕО)

Нервозата и напнатоста во Манчестер Јунајтед е пуштена на најсилно по последниот пораз денес од Евертон на Гудисон Парк (1:0).

Кристијано Роналдо беше евидентно нервозен поради неуспехот на ова гостување, па на еден од домашните навивачи при повлекување во соблекувалните, му го фрлил телефонот во движење.

За тоа сведочи и видеото кое се појави на социјалните мрежи, а медиумите на островот веќе го скандализира тој момент.

Како што објави новинарот на Скај Спорт, Лиал Томас, Јунајтед веднаш стартувал истрага по снимката која се појави на социјалните мрежи.

Португалецот веќе со недели е незадоволен од формата и резултатите на Јунајтед, па ова денес по поразот од Евертон беше експлозија на неговите емоции.