Возачот на Ферари, Шарл Леклер од Монако, кој стартуваше од прватата позиција и доминираше од почетокот на трката, победи во неделата на третата трика сезонава во Формула 1 за Големата награда на Австралија, пред Мексиканецот Серхио Перез од тимот на Ред Бул.
Британецот Џорџ Расел од Мерцедес беше трет во трката која ја одбележа откажувањето на актуелниот светски прва Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул поради проблеми со болидот.
За Леклер ова е втората победа сезонава, по што го зацврсти водството во генералниот пласман сега со 71 бод.
Новиот возач во тимот на Мерцедес, Џорџ Расел стаса до првиот победнички пиедестал во кариерата, а за остана и неговиот сонародник и тимски колега седумкратниот светски првак Луис Хамилтон.
Следната трка во класата Формула 1, е закажана по две седмиции а ќе се вози во италијанска Имола за Големата награда на Емилија Ромања.