Борците на украинските националистички паравоени формации заплениле два странски брода во пристаништетот на Мариупол и екипажите ги држат како заложници, објави во неделата милицијата на проруската самопрогласената Доњецка Народна Република.
„Во пристаништетот на градот Мариупол, остатоците од украинските националистички единици кои се повлекуваат заземаа два странски брода „Царевна“ и „Леди Аугиста“. Држејќи ги како заложници екипажите на овие бродови, националистите од (баталјонот) Азов отворија огон од 120-милиметарски минифрлачи, разни други минофрлачи и малокалибарско оружје“, се наведува во објавата на Telegram каналот.
Не е соопштено под чии знамиња пловат споменатите бродови, но се истакнува дека судбината на екипажите на бродовите засега е непозната.
Претходно во саботата Меѓународната поморска организација (IMO) и Меѓународната организација на трудот (ILO) предупредија дека до 30-ти март се пријавени 86 трговски бродови блокирани во украинските пристаништа и води, со околу илјада поморци, како и дека ситуацијата „станува неодрлжлива“, наведувајќи ги ризиците кои ги претставуваaт војната и недостигот од храна, горива, свежа вода и други основни потребно.