Во смртоносна сообраќајна несреќа тешко повреден српскиот политичар Љајиќ

Челникот на Социјалдемократската партија на Србија (СДПС) и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, во неделата  околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, пренесуваат српските медиуми.

Како што соопшти спрското министерство за внатрешни работи, автомобилот „шкода суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетал од патот и се превртел, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на самото место почина неговиот возач.

Расим Љајиќ, кој се наоѓал во возилото, се здобил со неутврден степен на повреди и веднаш е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што соопшти регионалната телевизија N1, повикувајќи се на нишката болница, лидерот на СДПС, има повреди на ребрата и не е во живна опасност.