Во руски ракетирања уништени аеродром и штаб во Днипро, како и украински С-300

Руските сили извршиле во неделата напади со крстосувачки ракети со коишто е целосно уништен аеродромот во источниот украински град Днипро, штаб на истоимениот злогласен баталјон на крајнодесничарските сили кој бил засилен со странски платеници, како и противвоздушен ракетен систем С-300 на украинските сили.

Валентин Резниченко, назначениот од Киев гувернер на украинскиот источен регион Днепропетровск, кој се наоѓа во доминатно руската и рускојазина област Луганск, изјави дека службите за итна помош трагаат по евентуални жртви во погодениот објект во селото Звоњецко, и додаде дека за жртвите подоцна ќе извести.

Портапролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков го потврди нападот во селото Звоњецко, но според него таму е уништен штаб на ткн украински сили.

„Во текот на измината ноќ во селото Звоњецкое, во регионот на Дњепропетровски, ракети со висока прецизност истрелани од море го уништија штабови и базата на националистичко баталјон ‘Днипро’, каде пред некој ден пристигна засилување од странски платеници“, рече Конашенков.

Гувернерот преку каналот Telegram изјави дека бил нападнат и аеродромот во градот Днипро. „Уништен е аеродромот, но и околната инфраструктура. А ракетите без престан долетуваат“, напиша Резничко. Тој претходно рече дека во нападот на Днипро едно лице било ранети, како и дека ракетите предизвикале пожар кој е изгаснат. Додал и дека проектил погодил зграда во округот Павлоград.

Серхиј Гајдај, именуван на гувернер на регионот Луганск, односно делот кој сѐ уште е под конртола на Киев, исто така на социјалните мрежи објави дека наводно било погодено училиште и висока станбена зграда но дека „за среќа, нема жртви“. Агенцијата Reuters пишува дека не успеала да ја потврди информација од независни извори.

Конашенков на редовниот брифинг во Москва потврдил дека во неделата фрегата на руската Црноморска флота истрелала четири крстосувачки ракети „Калибр“ врз објекти на украинската воена инфраструктура. Додал дека во регионите Николаев и Харков биле уништени украински ракетни противвоздушни системи С-300, како и дека биле соборени осум беспилотни летала на украинската војска, пренесува РИА.

Само изминатата ноќ руската воена авијација, додал портпаролот, уништиле 86 објекти на украинскаите сили, од кои два командни пунктови, две складишта за муниција, три складишта за гориво, три повеќецевни ракетни фрлачи и 49 утврдени позиции и области во кои се концентрирана украинска воена опрема.