Повеќе прекини во снабдувањето со струја и вода во понеделник и вторник во неколку скопски општини

По добиеното известување од ЕВН и од ЈП Водовод и канализација     Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување известува

       Заради  технички зафати во дистрибутивната електромрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:

 

                 на ден 11.04.2022 година (  понеделник  )  :

  • од 08:00 до 15:00 часот, дел од с. Ракотинци. (Општина Сопиште)
  • од 08:15 до 10:15 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев крак – 16.  (Општина Аеродром)
  • од 08:30 до 11:30 часот, дел  од улиците: Ѓуро Џоновиќ и Раде Јовчевски Корчагин. (Општина Центар)
  • од 10.00 до 12:00 часот, дел од ул. 1616. (Општина Аеродром)

 

       на ден 12.04.2022 година ( вторник )  :

  • од 08:00 до 14:00 часот, дел  од ул. 4  во с. Горно Соње. (Општина Сопиште)
  • од 08:30 до 10:30 часот, дел  од ул. Петар Манџуков. (Општина Бутел)
  • од 08:30 до 15:00 часот, дел  од улиците: Кичевска, Воин Драшкоци, Злате Михајловски, Ибе Паликуќа и  Манчу Матак. (Општина Ѓорче Петров)
  • од 09:00 до 14:00 часот, дел  од улиците: Полог и Воктор Иванович Глигориевич. (Општина Кисела Вода)

 

                 на ден 11.04.2022 година (  понеделник  )  :

 

  • Поради изведување на приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм на ул. Осло бр. 29 во населба Тафталиџе, од 09:00 часот до завршување на активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Осло и Бањалучка. (Општина Карпош)
  • Поради отстранување појавен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на ул. Јордан Хаџиконстатинов Џинот бб (кај ресторан Жабарот), од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Ј.Х.Џинот, Ристо Шишков, Аминта Трети, дел од Булевар Илинден  и дел од ул. Наум Наумовски Борче.  (Општина Центар)