Во последниот дуел од 29-то коло на германското фудбалско првенство, РБ Лајпциг на домашен терен со 3:0 убедливо го совлада Хофенхајм.
Највозбудливите моменти на мечот се одиграа во првото полувреме, кога РБ Лајпциг ги постигна сите три погодока. Првиот стрелец во тимот Кристофер Нкунки погоди веќе во 5 минута, а потоа гостинската мрежа ја затресоа и Марсел Халштенберг во 20 и Доминик Шоболшлаи во 44 минута.
РБ Лајпциг и натаму е четврти на табелата со 51 бод, само бод помалку од третопласираниот Баер Леверкузен, а во водство се Баерн Минхен со 69 и Борусија Дортмунд со 60 бодови.
Лајпциг го држи последното место кое води во Лигата на шампионите, а Хофенхајм се задржа со 44 бодови е шести позиција од која оди во Европската конференциска лига а е израмнет е со седмиот Унион Берлин а бод помалку има осмиот Келн.
Претходно Фрајбург во Франкфурт со 2:1 го победи домашниот Ајнтреахт, по две кола без победа. Гостите поведоа во 27 минута преку Винченцо Грифо, Филип Костиќ израмни за домашните во 54 минута, но Нилс Петерсон со голот во 69 минута им ги донесе бодовите на Фрајбург.
Фрајбург со овие три бода се зацврсти на петтото место, кое води во Лига Европа, со 48 бодови, три помалку од првата позиција која води во Лигата на шампионите. Ајнтрахт остана на 39 бодови и остана на деветтото место на тебелата.
Во првиот неделен натпревар Баер од Леверкузен пропушти шанса да го победи Бохум, играјќи без голови. Шансата за три бода на „Аптекарите“ ја испушто Муиса Диаби во 65 минута про изведување на пенал. Францискиот играч всушност погоди од белата точка, но непосредно пред шутот се лизна и истовремно топката ја закачи со двете нозе. Поради двојното допирање на топката судијата го поништи погодокот и досуди индиректен удар за домашниот голман.
Баер по двете врзани победи со ова реми со 52 бодови е на второто место, а Бохум со 36 бодови е 12-ти.