Серија А: Нула на Милан во Торино, пресврт на Рома во финишот

Milan’s Oliver Giroud during the italian Serie A soccer match Torino FC vs AC Milan at the Olimpico Grande Torino Satadium in Turin, Italy, 10 april 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во последниот неделен натпревар од 32-то коло од италијанската Серија, фудбалерите на Милан и Торино без голови ги поделија бодовите.

Милан имаше шанса дополнителни да се зацврсти на врвот на табелата, но со овој резултат на гости имаат 68 бодови само на два бода плус во однос на Интер и Наполи, со тоа што градскиот ривал има и меч помалку. Торино е 11-ти со 39 бодови.

Двата тима можат да жалат за другите два бода, а играта по првиот тврд дела се отвори во второто полувреме кога на двете страни беа пропуштени по неколку шанси. Со ова реми Милан ја прекина низата од четири победи во меѓусебните дуели со Торино.

Претходно во неделата на римски „Олимпико“ Салернитана сѐ до 81 минута беше на прагот на сензација и да ја оствари само четвртата победа сезонава и имаше водство до кое дојде со погодокот на Иван Радовановиќ во 22 минута, на асистенцијата на легендарниот француски интернационалец Франк Рибери. Во 81 минута одличен погодок постигна Карлес Перез кој од 20 метри испрати максимално прецизен удар, а целосниот пресверт го направи Крис Смајлинг во 85 минута по прекин.

Рома сега со 57 бодови повторно го прескокна градскиот ривал Лацио со два бода помалку, Рома моментално е пласирана во Лига Европа со пет бодови помалку од четвртиот Јувентус кој оди во Лигата на шампионите, додека Лацио е во моментов пласиран за Европската конференциска лига. Салернитана е последна 20-та со само 16 бодови, шест помалку од најблиските Венеција и Џенова.

Голем кикс на домашен терен направи Наполи, за кој последните десет минути ги одира македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз, кој беше поразен со 2:3 од Фиорентина. Гостите на стадионот „Диего Марадона“ поведоа во 29 минута со голот на Николас Гонзалес, а израмни Дрис Мартенс во 58 минута, кој само две минути претходно влезе во игра. Но потоа Фиорентина возврати на идентичен начин преку Французинот Жонатан Иконе кој во игра влезе во 65 минута и веднаш му донесе ново водство на својот тим, кое во 72 минута го удвои Артур Кабрал. Во 84 минута Виктор Осимхен погоди за 2:3 и малку ги врати надежите на домашните, но немаа сила за израмнување.

Со оваа победа, но поразот на Аталанта, Фиорентина се искачи на седмото место на табелата со 53 бодови, а Наполи остана трет со 66 бодови.

Аталанта беше поразена на гости од Сасуоло со 1:2. Двата гола за домашните ги постигна Хамед Траоре, во 24 и во 61 минута, па Сасуоло сега има 46 бодови и е веднаш зад Аталанта.

Во првиот неделен натправар Лацио со три погодоката на Чиро Имобиле победи кај Џенова со 4:1. Гостите поведоа во 31 минута со голот на Адама Марушиќ, а потоа Имобиле стрелаше во 45, 63 и 76 минута. И почесниот гол за домашните го постигна гостински играч во 68 минута автогол постигна Патрик.

Лацио е шести со 55 бодови, а Џенова остана претпоследна 19-та со 22 бодови, три помалку од зоната на опстанок.