Зеленски: Русија се плаши да ги признае кукавичките грешки

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги обвини руските сили во традиционаното свое ноќно обраќање руските сили за наводна свирепост и за куковичлук, велејќи дека во во Москва се плашат да ги признаат грешките.

„Можат да користат уште повеќе ракети притов нас, уште повеќе воздушни бомби. Но ние сме подготвени за нивните акции. Ќе одговориме“, рече Зеленски.

Ги отфрли руските тврдења дека цивилните жртви во Буча и другите киевски предградија се резултат од украинските гранатирања додека тие беа заземени од руските сили. Ги критикуваше руските функционери за обвинувања за украинската страна за масакрите во кои се убиени стотици цивили.

„Тие кажуваат за убиствата во Буча дека не се тие, туку наводно сме ние. Знаете ли зошто тоа е така? Тоа е кукавучлук. Се плашат да признаа дека целата руска политика кон Украина е погрешна веќе со децении“, тврдеше Зеленски.

Додека дека „наместо да ги признае грешките, Русија прави нови“.

„Русија ја отфрла одговорноста, ги негира сторените недела, се правда… Кога кукавичлукот расте, се претовра во катастрофа. Кога луѓето немаат храброст да ги признаат грешките, да се извинат, да се прилагодат на реалнсота, да учат, се прервораат во чудовишта. А кога светот ги игнорира, чудовиштата решаваат дека светот ќе го прилагодат на себе“, додаде Зеленски.