По повод новогодишните и божиќните празници, премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети СОС Детско село.
СОС Детско Село става акцент и фокус на семејно-заснованата, долгорочна грижа на децата кои ја загубиле можноста да растат со своите биолошки семејства. Во СОС Детско Село и СОС Младинските заедници тие повторно наоѓаат сигурност и љубов и топол дом и растејќи во стабилна семејна средина добиваат континуирана индивидуална поддршка се додека не станат независни млади личности.
СОС Детските села даваат подршка на сите деца во ризик , особено на оние кои немаат родители и родителска грижа и оние чии семејства живеат во тешки услови.