
Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има. Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство. Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем. Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство? Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат: „Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш“.