Русија предала во ОН податоци за „претстојни провокации“ во Украина

Русија предала во Обединетите нации податоци за провокации коишто киевските власти ги подготвуваат во Украина, изјавил во понеделникот првиот заменик на постојаниот претставник на Руската Федерација во светската организација, Дмитриј Полјански.

„Само последните денови во ОН предадовме информации за следни провокации коишто се подготвуваат“, изјавил Полјански на седмица на Советот за безбедност при ОН.

Според него, меѓу другото станува збор и за откривање масовна гробница во селото Раковка крај Киев.

„Репортери на странски медиуми пристаигнаа однапред во градот Кремењаја. Нивната цел е да снимаат повокација припремена од Вооружените сили на Украина со наводно гранатирање на амбулантни возила кои превезуваат пациенти од руската армија“, рекол рускиот дипломат, пренесуваат руските медиуми.

Полјански истакнал дека во селото Белогоровка во тамошниот канал за вода имало минирани резервоари со хлор, коишто украинските сили планираат да ги кренат во воздух кога силите на прорурската самопрогласена „наредна република“ Луганск ќе се приближат до селото.

„Во градот Ирпин, во Киевскиот регион, подготвена е провокација според шемата од Буча. Припадниците на украинското разузнавање планираат да донесат тела на цивили загинати во артилериско гранатирање од мртовечницата во градската болница на улицата ‘Полеваја’ во подрумот во една од зградите во источната периферија на градот“, рекол.

Додал дека во областа на шумата Пушча-Водицки, Службата за безбедност на Украина (СБУ) „ќе организира инсценирана акција со престрелка и уништување на наводна руска разузнавачка група која пристигнала во Ирпин за да ги убие сведоците на наводните воени злосторства на Русија“.

Полјански додал дека истовремено телата на заробените руски војници, претходно егзекутирани по измачувања од страна украинските националисти ќе бидат претставени во шумата како „неоспорен доказ“.

Според Полјански, Русија очекува западни медиуми да ги дистрибуираат видеоматеријали од спомнатите инсцениани акции.

Предупредил, повикувајќи се на изјави од жители на црноморскиот пристанишен град Одеса, дека можно е и овој голем град да се подготвува ситуација за којашто ќе биде обвинета руската страна.

„Не можам а да не споменам и за извештаите од жители на Одеса дека во градот се забелеажани бројни украински војници преоблечени во руски униформи. Се чини дека во овој град се подготвува голема и крвата провокација, или операција под ‘лажно знаме’. Колеги, не кажувајте подоцна дека не ве предупредивме за ова“, додал Полјански.