![4120237254a253bb89634b7f7cabefff46f8d0b6](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/4120237254a253bb89634b7f7cabefff46f8d0b6.jpg?resize=696%2C420&ssl=1)
Прославената спрска актерка уште еднаш покажа дека годините не ѝ можат ништо. Лидија Вукиќевиќ овој јули ќе наполни 60 години, но излгеда како девојче, а работи со полна пареа, вешта е во кујната, активна е на телевизијата, а покрај сето тоа успева и да тренира.
Во моментов Лидија престојува во Македонија, а своите обожаватели на Instagram ги извести каде се наоѓа, најавувајќи дека ѝ претстонат уште бројни места во земјата,.
„По Штип, Охрид и Битола, денеска се одморам и се подготвувам за Кичево, Пробиштип, Куманово, Кавадарци и Велес. Самата себеси најдобро си угодувам“, порача актертката во описот на фотографијата.
Лидија од порано е позната како личност која се придржува на здравите навики, за што, како и за естетските зафати, неодамна изјави:
„Единственото што го правев на лицето е третман со боцкање со кој се подобрува работата на колагенот. Тоа кожата ја прави кадифена. Освен тоа, ништо друго не правев, никакви операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се негувам од 18-та година. Мајка ми беше строга и се грижеше за мојот и изгледот на мојата сестра, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лицето. Покрај тоа тука е генетиката, имам благодарна кожа на мојата мајка. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, поздраво се хранам и сето тоа резултира со ваквиот мој изглед“, рече таа за белградски Блиц.
View this post on Instagram