Британски војник во Мариупол: Немаме друг избор освен да се предадеме, немаме храна и муниција

Британски војник кој се бори заедно со украински маринци во Мариупол изјави дека неговата единица нема друг избор освен да им се предаде на Русите, објави „Дејли мејл“.

Поранешниот негувател, Ајден Аслин (28), кој се преселил во Украина во 2018 година откако се заљубил во жена од Миколаев, рече дека на силите им снемало залихи откако Русите ги опколиле.

Ова доаѓа по тврдењата дека Русија употребила хемиско оружје фрлено од беспилотно летало над Мариупол минатата ноќ.

Аслин во пораката објавена преку контакт на Твитер рече: „Поминаа 48 дена, се обидовме да го одбраниме Мариупол, но немаме друг избор освен да им се предадеме на руските сили.

„Немаме храна и муниција. На сите им беше задоволство, се надевам дека оваа војна ќе заврши наскоро.’

Во текстот се додава: „Ова го објавуваме по директна консултација со неговото семејство. Сè додека не ни биде кажано поинаку, ќе продолжиме да работиме на споделување на фактите за војната. Надеж за размена на затвореници.’

Аслин, од Њуарк, Нотингемшир, е во четврта година во редовите на украинските вооружени сили и требаше да се ожени оваа пролет и да ја заврши својата служба во септември.

Кога Русија ја започна инвазијата, Аслин беше стациониран во регионот Донбас каде што сепаратистите и украинските вооружени сили се борат од 2014 година.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, ги обвини руските сили дека блокирале неколку обиди за хуманитарни конвои да влезат во градот, делумно за да го сокријат масакрот. Бојченко рече дека бројот на загинати само во Мариупол може да надмине 20.000.