![kineska trgovija sad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/kineska-trgovija-sad.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Светската трговска организација (СТО) денеска ја намали прогнозата за раст на глобалната трговија за оваа година за 1,7 процентни поени, од 4,7 на 3,0 отсто поради влијанието на руско-украинската војна.
„Економските последици од овој конфликт ќе се прошират многу подалеку од границите на Украина“, рече на прес-конференција генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо-Ивеила, презентирајќи ги новите проекции за растот на глобалната трговија.
Таа нагласи дека „сега е јасно дека двојниот удар – од пандемијата и војната – ги наруши синџирите на снабдување, ги зголеми инфлаторните притисоци и ги намали очекувањата во однос на растот на производството и трговијата“.