Зеќири останува во притвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд Скопје, кој денеска одлучуваше по жалбата за одредениот притвор за ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, го потврди решението на претходна остапка, што значи дека тој останува во притвор.

Во соопштението од Кривичниот суд се наведува дека по денешната јавна седница во присуство на странките, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за  определување на мерката притвор.

„Односно, советот го преиначи решението на претходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото“, се вели во соопштението.

Точки 1, 2 и 3 од став 1, член 165 од ЗКП

Другите две точки врз онова на кои е доннесено решението за притвор – можност за бегство и влијание врз сведоци, вештаци, соучесниците или прикривачите остануваат.

Судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка притвор, на 8 април донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП.

Зеќири веднаш откако Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција издаде наредба за истражни дејства против него и уште двајца хрватски државјани, си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата.

Истиот ден му беше определен притвор во траење од 30 дена.