Почна судењето на деценијата, Џони Деп бара од поранешната сопруга 50 милиони долари

Актерот Џони Деп пристигна на судењето на кое ќе се расправа со поранешната сопруга, актерката Амбер Херд, која ја тужи за клевета.
Деп ја обвинува својата поранешна сопруга дека „лажно го прикажувала како домашен насилник“ во текст објавен во „Вашингтон пост“ во 2018 година.
Амбер Херд тврдеше дека претрпела физичко насилство од Деп, што тој го негира.
Актерот побарал дури 50 милиони долари отштета, што е четири пати повеќе од проценетото богатство кое актерката моментално го има.

Еден час пред судењето, денеска пред зградата на судот се собраа обожавателите на Деп. Некои обожаватели вееја транспаренти на кои пишуваше „Правда за Џони“.
На Деп и Амбер Херд им се суди веќе шест години и многу познати личности сега ќе се појават како сведоци. Меѓу нив е и Илон Маск.
Два дена пред почетокот на судењето во Вирџинија, Амбер Херд на социјалните мрежи привремено се прости од своите придружници, велејќи дека ќе биде зафатена со судењето.
Судењето, кое е затворено за јавноста, привлекува големо внимание, а се очекува да трае повеќе од еден месец.