
СДСМ повторно лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП. Имено, билетот кој сега ќе се продава за 120 денари и граѓаните ќе можат да го користат во текот на еден ден неколкукратно, односно неограничено во времетраење на 24 часа, е веќе решение кое што поранешното градско раководство го вовело, а истото сега се имплементира, реагираат од Град Скопје.
-Градот Скопје во соработка со ЈСП во континуитет ќе работи на подобрување на условите на патниците, односно корисниците на градскиот превоз, иако СДСМ и понатака се обидува да ги спинува информациите и да работи на штета на граѓаните, велат од Град Скопје.