Ученикот Д.К.(15) од Бачка Паланка е повреден денеска по 16 часот на час по физичко, кога напаѓачите го претепале, со остар предмет го расекле и му нанеле повреди на главата и рацете.
Како што беше кажано од Заводот за здравствена заштита на деца и младинци од Војводина, момчето е згрижено во таа здравствена установа поради расекотина на раката и гребнатини, како и хематоми на главата.
-По детална дијагностика и помош во вид на санирање на повредите, момчето е пуштено на домашно лекување, велат од Заводот.
Двајца напаѓачи му пришле на момчето, почнале да го тепаат, а потоа со остар предмет го повредиле иако тој се обидел да се одбрани.