Русија: Возилата на САД и НАТО кои превезуваат оружје во Украина се легитимни цели

Русија ќе ги смета американските и возилата на НАТО коишто превезуваат оружје на украинска територија за легитимни воени цели, предупреди во средата земникот на министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Секој обид на Западот да ѝ нанесе значителна штета на војската или на нејзините сојузници во Украина од доминатно руските и рускојазичните региони, ќе биде „силно сузбиен“, додал Рјабков за агенцијата ТАСС.

„Предупредуваме дека возилата на САД и на НАТО кои превезуваат оружје преку украинската територија ќе ги сметаме за легитимно воени цели“, истакнал рускиот допломат.

„Сакаме Американците и другите од Западот да сфатата дека обидите за забавување на нашата специјална операција, нанесување максимални штети на руските контигнети и формациите на ДНР и ЛНР (самопрогласените народната република Донецк и Луганск) ќе бидат силно сузбиени“, додал Рјабков.