Ле Пен: Ако победам, Франција го напушта НАТО

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен, ветила дека ако победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлатнската Алијанса.

Ле Пен нагласила дека нема да ги префрла француските трупи ни во комбинирана команда на Алијансата, ниту ќе бидат на располагање на идната европска команда, пренесува агенцијата “РИА Новости”.

Според нејзините зборови, Франција нема да се потчини на американскиот протекторат.

Додала дека ја поддржува идејата за зближување со Русија.

„Кога ќе заврши војната во Украина и ќе се воспостави мир, ќе се залагам за приближување на НАТО и Русија. Тоа е во интерес на Европа и САД“, рекла таа.

Исто така порачал дека не сака Франција да ја напушти Европската унија и додала дека ќе го почитува Парискиот договор за климатските промени, пренесува “Reuters”.