Уште неколу стотици украински маринци се пределе во Мариупол

Уште повеќе од 300 припадници на морнаричката пешадија на украинските вооружени сили се пределе во јужниот стратешки пристанишен град Мариупол, објави во четвртокот штабот на територијалната одбрана на проруската самопрогласена Доњецка Народна Република.

„Нашите вокници продолжуваат со заробувањето на борците на 36-та бригада на украинсите вооружени формации во Мариупол. Од вчера, 13-ти април, се предадоа 1.350 украински мариците“, се наведува во објавата на Telegram каналот.

Информацијата за заробувањето на украинските војници во средата ја потврди на редовниот брифинг во руското министерство за одбрана, портпаролот генерл-мајорот Игор Конашенков, истакнувајќи дека меѓу заробените се 162 офицери, како и 47 жени војници.

Руските единици и силите на проруските сепаратисти од Доњец го опколија Мариупол на 7-ми март, со мнозинско руско и рускојазични население во Доњецкиот регион на влезот во Азовското Море, и оттогаш се водеа жестоки борби во кои е страшно разорен овој стратешки пристанишен град. Последните денови најголемиот дел од градот е под контрола на руските и проруските сили и се водат борби со последните џебови на отпорот кој го пружаат добро утврдените и вооружени борци на полкот „Азов“, паравоена формација составена од приврзаниците на крајно десничарските украински движења. Тие се утврдени во металуршкиот комплекс.