Откако започна руската инвазија на Украина, хакерите од колективот Анонимус му се приклучија на конфликтот. Се разбира, нивната борба не вклучува вистинско оружје, туку „борби“ со она што најдобро го знаат – тастатурите. Неодамна испратија порака до Путин и руската армија на кои во свој стил им порачаа – ова не е закана, ова е ветување. Не простуваме, не забораваме. Доаѓаме по тебе. Очекувајте не.
На пример, хакирани беа и многу камери во Русија за да можат луѓето ширум светот во живо да гледаат што се случува на улиците на руските градови, во компании или ресторани. Го нападнаа транспортниот систем во Москва, банките, па дури и печатачите. Тие објавија и бројни податоци и мејлови од Руската православна црква.
Преку профил на Твитер, Анонимус ТВ денеска се пофали со нова жртва на нивните напади, а на удар се најде и руската компанија „Гаспром Линде Инженеринг“. Хакерите дошле до дури 728 GB податоци и објавиле 768 илјади мејлови на оваа компанија специјализирана за проектирање и инженерство на рафинерии за гас и нафта.
Компанијата е формирана во соработка со Гаспром и Линде, а меѓу нејзините најпознати клиенти се Гаспром, Гаспром Инвест, Гаспром Нефт, Линде, Новатек, Татнефт, China National Chemical Engineering, Sojitz и RusChemAlliance, објави Anonymous на Twitter.
JUST IN: #Anonymous just leaked 768,000 new emails (728GB) via #DDoSecrets from Gazprom Linde Engineering, which specializes in designing gas and petrochemical processing facilities and oil refineries. #OpRussia #OpKremlin #FreeUkraine ⤵️ pic.twitter.com/kfn10lIcEo
— Anonymous TV 🇺🇦 (@YourAnonTV) April 14, 2022