Намалување на водостоите во однос на вчерашниот ден бележат речиси сите реки во земјава. Според најновите хидролошки мерења, Крива Река кај Крива Паланка и Струмица кај Ново Село и натаму се преполовени во споредба со просекот за април, а нивото на Дрим е трипати пониско.
Кај езерата, ситуацијата е речиси непроменета од вчера. Преспанското и Дојранското се со ист водостој, додека Охридското бележи пораст за еден сантиметар иако, сепак, е за четири сантиметри под априлскиот просек.
Како што информира УХМР, водостојот на Преспанско Езеро е осум сантиметри над апсолутниот минимум.