Финска најверојатно ќе поднесе барање за членство во НАТО, порача Тупураинен

Финска најверојатно ќе поднесе барање за членство во НАТО, потврди финската министерка за европски прашања, Тјути Тупураинен, во интервју за Скај њуз.

Таа зборуваше за можниот влез на Финска во НАТО, по руската инвазија на Украина.

– Се чини народот во Финска донесе одлука, истакна таа.

Министерката додаде дека „за сите нас, руската инвазија на Украина, беше повик за будење“, но, „одлуката сè уште не е целосно донесена“.

Претходно, финската премиерка Сана Марин информираше дека конечната одлука за барање за членство во НАТО, ќе се донесе „во рок од неколку недели“.