Киев подготвува уште една провокација со ракетен напад, предупредува Москва

Украина планира да инсценира уште една провокација со наведен ракетен напад со проектил од системот „Точка-У“ против бегалците на железничката станица Лозоваја, во Харковската облас на украина, предуреди во петокот генерал-полковникот Михаил Мизинцев, шеф на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

„Според достапните веродостојни информации, режимот во Киев пподготвува уште една монструозна провокација, слична на онаа во Краматорск, за да ја обвини Рисија за наводни воени злосторства со масовно уништивње цивили. За таа цек, во блиска иднина 19-та специјална ракетна бригада на Вооружените сили на Украина ќе изведе удар со системот ‘Точка-У’ врз собраните бегалци на железничката станица во Лозоваја“, изјави Мизинцев на редовниот брифинг за медиумите.

Ракетите „Точка-У“ се проектили коишто ги користи украинската армија, а кои се исфрлени од употреба во Русија најдоцна уште во 2019 година. Со таков проектил минатата седмица беше погодена железничката станица во Краматорск, во регионот Доњецк, додека цивилите се собираа за евакуација. Во нападот, за кој меѓусебно се обвинуваа Киев и властите во доминантно рускиот и рускојазичниот одметнат регион Доњецк, загинаа околу 50 лица а уште 80 други беа ранети.

„Ваквите дејствијаа и провокации од страна на украинските власти уште еднаш го покажуваат нивниот нечовечки однос кон судбината на цивилите во Украина и сведочат за целосното непочитување на сите норми на моралот и меѓународното хуманитарно право“, истакна Мизинцев.

Потсети дека тактичките ракети од типот „Точка-У“ го поседува само украинската војска.

„Благовремено ги предупредуваме земјите од ткн ‘цивилизиран Запад’ предводени од САД, дека Русија има оперативна база со докази за претстојните страшни злосторства планирани од страна на режимот во Киев“, истакна Мизинцев.