Зеленски барал од Бајден да ја прогласи Русија „спонзор на тероризмот“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски недамна директно побарал од американскиот претседател Џо Бајден да ја прогласи Русија како држава којашто го „спонзорира тероризмот“, пишува во петокот дневниот век The Washington Post.

Бајден во текот на разговорот не се обврзал на дејствување по ова прашање, додава весникот повикувајќи се на извори запознаето со текот на разговорот меѓу двајцата челници.

Белата куќа засега не го коментираше тврдењето на весникот, пренесува Reuters.

Американскиот Стејт департмент ги става на листата држави спонзори на тероризмот земјите коишто „континуирано пружаат поддршка на акти на меѓународен тероризам“.

Главно тоа се прави во однос на процени од аспект на интересите на Вашингтон, а моментов на тој список се само четири земји: Северна Кореја, Куба, Иран и Сирија.