
Облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и значително постудено со врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 9 степени.