
ПСВ Ајндховен во неделата го побед амстердамски Ајакс со 2:1 во финалето на холандскиот фудбалски куп, кој го освојува по десетти пат но по десет години од последната титула во ова натпреварување.
Ајакс подобро го отвори дуелот со голот на Рајан Гравенберх во 23 минута, а во финишто на полувремето беше поништен погодокот на Душан Тадиќ. ПСВ потоа напреви пресврт со два погодока на почетокот од второто полувреме, во 48 минута стрелец беше Ерик Гутиерез а во 50 минута Коди Гакпо.
Ајакс со сите сили тргна по израмнување, но по ВАР-консултациите во 57 минута му беше поништен уште еден погодок кој го погоди Давии Клаасен, и до крајот не успеа да ја матерализира својата доминација на теренот.
Ајакс, кој ја бранеше титулата во националниот куп, така, остана на рекордни 20 освоени пехари. Во првенството, пак, тимот од Амстредам има предност од четири бодови пред ПСВ Ајндховен.