ФОТО| Русија објави список со над 23.000 загинати украински војници

Руското министерство за одбрана во понеделникот првпат објави список со лични податоци на припадниците на украинската војска кои загинеле во борбите во Украина.

Според податоците, коишто во саботата ги најави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, „ненадоместливите загуби“ во риската офанзива започната на 24-ти февраури загинале над 23.000 украински војници.

„Денеска неповратните загуби (на украинските сили) изнесуваат 23.367 луѓе. Наскоро ќе објавиме одделни податоци произлезени од украинските документи за своите загуби, откривајќи го местото на смртта, местата на погребување на загинатите“, рече Конашенков во саботата.

Не се осврна на загубите на руските сили кои ја изведуваат офанзивата во Украина. Досега Москва само еднаш, и тоа на 24-ти март односно еден месец по почетокот на борбените дејствија во соседната држава, потврди дека загубила 1.351 војник а уште 3.825 биле ранети. Ноедамна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјaви за новинарите дека руските загуби се „големи“ и „трагични“, но не изнесе никакви бројки и податоци.

Претходно во петокот вечерта Зеленски за американската телевизиска мрежа CNN изјави дека во судирот досега загинале 2.500 до 3.000 украински војници а додека ранети се „десетина илјади“, а истовремено дека загинале 19.000 до 20.000 руски војници.

Во објавата се наведува дака руската страна располага со „веродостојни податоци за вистинските загуби на украинската армија, Националната гарда и странските платеници…“

Министерството за одбрана во Москва наведува и дека докуменитете со коишто располагало укажуваат и на „голем број дезертирани војници, ранети и исчезнати“.

Во списоците се сотавени на украински јазик се наведуваат презимето и името, чинот, позицијата, датумот на раѓање, околностите на смртта и локацијата на којашто е најдено телот, како и природата на повредата и дијагноза.

Еден дел од објавените податоци се однесува на воената единица 3057, која го вклучува „неонацистичкиот полк Азов“, против чии борци се покренати кривични дела во Русија. Во овој документ, на пример, се наведуваат 386 имиња, 122 загинатии 264 ранети, од кои двајца подоцна починале.

Меѓу ранетите и има и високи офицери, меѓу кои се споменува името на потполковникот Александр Гавришенко, кој бил ранет во рамото на 4-ти март во текот на борбите во Мариупол, како дека како причина за губење на борбената способност на друг потполковник Гаврушенко е посочена како „огнострелна повреде низ средната третина од левата бога, хеморагичен шок од III степен“.