ВИДЕО| Британци заробени во Украина бараат од Џонсон да ги размени за укранскиот политичар Медведчук

Двајца британски државјани, кои во Украина им се предале на руските сили во емисија на телевизијата Россия 1 во понеделникот побараа од британскиот премир Борис Џонсон да посредува во нивната размена за упасениот во Киев украински опозициски политичар Виктор Медведчук.

„Господине Борис Џонсон, јас се викам Шон Пинер. Колку што сум запознаен, Виктор Медведчук е задржан во притвор, а јас и Ејден Аслин би сакале да бидеме разменети за него. Би били благодарни за вашата помош во тоа. Со мене добро се однесуваат, ја разбирам положбата во којашто сум. Ве замолувам, во мое лично име и во име на Ејден Аслин, да ја олесните размената за Медведчук“, рече Пинер во обраќањето во живо.

Вториот британски државјанин Аслин, кој исто така не открива каде е во моментов сместен, оцени дека е важно британскиот премиер да го послуша апелот на сопругата на украинскиот политичар, Оксана Марченко.

„Доколку Борис Џонсон навистина се грижи за британските граѓани, како што вели, тогаш ќе помогне да се изврши притисок врз (украинскиот претседател Владимир) Зеленски да ја направи вистинската работа и да го врати Виктор на неговото семејство, а нас на нашите семејства“, вели британскиот заробеник.

Веднаш по емитувањето на обраќањето на двата Британци, украинското разузнавање Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави видео во коешто самиот Медведчук им се обраќа на претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски и бара од Киев да го размени него за украинските војници заробени во јужниот пристанишен град Мариупол, како и за некои жители на градот.

Во саботата Оксана Марченко ги повика роднините на Аслин и Пинер да побараат од премиерот Џонс да „влијае врз украинското раководство“ за да можат да бидат размените за нејзиниот сопруг.

СБУ објави дека на 12-ти април го уапсила лидерот на украинската втора по јачина но сега забранета проруска партија „Опозициска платформа – За живот“, за кој Киев вели дека е кумашин на Путин. Медведчук беше претходно во домашен притвор под сомнение за велепредавство, но на крајот од февраури според украинското обвинителство исчезнал. Сопругата Марченко тврди дека тој нема никајва видна и дека украинските специјални служби го измачуваат.

Медведчук во октомври 2021 година беше обвине за предавство и помагање на тероризам. Според обвинителствотом, тој во 2014 година, по превратот во Киев во 2014 година, организирал снабдување со јаглен од територијата на одметнатиот проруски регион Донбас.

На новинарско прашање во врска со ситуацијата со Медведчук мината седмица портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во Кремљ ја следат судбината на украинскиот опозиционер и апелира до европските политичари да посредуваат во случајот.