„Аџибадем систина“ или „Аџибадем“ во Турција – избор според вашите потреби

Квалитетен третман блиску до дома е крајната цел за сите кои се соочуваат со здравствен проблем. Тоа сега е возможно за луѓето кои живеат во Македонија благодарение на стратешката соработка меѓу „Аџибадем Систина“, водечки приватен медицински провајдер во Скопје и светски познатиот бренд Здравствена групација „Аџибадем“ во Турција. Ова им овозможува на пациентите да користат врвна медицинска услуга во нивната матична земја во „Аџибадем Систинa“, а кога одредена здравствена состојба го бара тоа, да изберат лекување блиску до дома, во „Аџибадем“ во Турција. Уникатната соработка има за цел да ја унапреди грижата за пациентите и да го подобри пристапот до висококвалитетни медицински услуги за граѓаните на Македонија.

Медицинскиот туризам бележи растечки тренд во светот. Според Организацијата за економска соработка и развој (OECD), бројот на медицински туристи во светот достигна 50 милиони, а во следната деценија се очекува годишен пораст од 25%. Се смета дека поквалитетната нега, побрзиот пристап до медицински услуги и пристапните цени се главните двигатели за пациентите кои бараат лекување во странство.

Во согласност со овие глобални трендови, болниците „Аџибадем Систина“ и „Аџибадем“ во Турција ги здружуваат напорите, со цел на пациентите во Македонија да им обезбедат пристап до најдобрата медицинска нега достапна ширум светот, што е можно поблиску до дома, без оглед на нивната здравствена состојба. Здравствената групација „Аџибадем“, како дел од „IHH Healthcare“, вториот по големина синџир на здравствена заштита во светот, поставува репер за клиничка извонредност во својата мрежа од 22 болници и 18 медицински центри лоцирани во 5 земји, опслужувајќи повеќе од 5 милиони пациенти годишно.

Како дел од синџирот на Здравствената групација „Аџибадем“ и нејзината мрежа на болници во Турција, Холандија, Бугарија и во Србија, „Аџибадем Систина“ ги нуди највисоките стандарди во медицината во Македонија. Врвната институција вработува 210 водечки специјалисти, од кои 21 универзитетски професор признати во регионот, обезбедувајќи сеопфатни медицински услуги, од дијагноза до лекување и рехабилитација. „Аџибадем Систина“ нуди висококвалитетни услуги во областа на ИВФ третман, кардиологија, кардиоваскуларна хирургија за возрасни и деца, ортопедија, лапароскопска абдоминална и дигестивна хирургија и детска хирургија. Таа е првата болница во Македонија акредитирана од Joint Commission International (JCI), најпрестижната организација за акредитација на болници на глобално ниво.