
Времето во петокот во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови ќе има локален дожд.
Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час).
Утринските температури се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 14 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 21 степен.
Услови за локален дожд ќе има и во сабота претпладне.
Температурата во следните денови ќе биде во значителен пораст, особено од недела, кога на повеќе места ќе надмине 25 Целзиусови степени.