Во Словенија засега нема официјални коментари за наводите од Германија дека Берлин со Љубљана договори аранжман според кој на Украин би ѝ ги испратиле своите борбени околони возила од постаро производство во замена за современа германска опрема.
Како што претходно во четвртокот објави германската новинска агенција DPA, која се повика на сопствени избори, германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт се договорила со колегите од повеќе членки на ЕУ своите олкопни возила, вклучително и тенкови, да ѝ ги испратат на Украина, а Германија ќе им помогне да ги надоместат со современа опрема од арсеналот на германската војска.
Како што наведува службената словенечка новинска агенција STA, која се повикува на странски извори, на Словенија ѝ е понудено борбените возила, во прв ред тенкови од советскиот тип „Т-72“ да ги испрати во Украина, а за неа би добила помодерно вооружување, вклучително и тенковите „Leopard 2“ и околопните возила „Puma“ и „Boxer“.
Словенечкото министерство за одбрана за STA во врска со овие информации изјавило дека договорт за испораки на оружје во Украина не можат да ги коментираат. Но министерот за одбрана Матеј Тонин потврдил дека со германската колешка Кристине ЛАмбрехт за тоа разговарал преку видеоврска во средата.
Според соопштението на министерството станувало збор за можноста сојузничките држави да ѝ помогнат на Украина во нејзината војна со Русија и притоа се разгледувани можностите како Германија и Словенија би можеле да му помогнат на Киев со заеднички сили.
„Разговорите за тоа со германската страна ќе продолжат, а откако ќе бидат одлуки за сето тоа, јавноста ќе биде известена“, објави словенечкото министерство за одбрана.
Словенечките медиуми пренесуваат во четвртокот дека словенечката војска располага со одредено количество конзервирани модернизирани тенкови од југословенско произвдоство „М-84“ кои се всушност посовремена верзија на тенкот „Т-72“ од советски тип, со каков што знаат да управуваат украинските тенкисти.