
Барселона ја продолжува трката со Севилја по втората позиција во шпанското првенство, откако во 33-то коло во Сан Себастијан со 1:0 го совладаа Реал Сосиедад.
Стрелец на победоносниот погодок беше Пјер-Емерик Обамејанг уште во 11 минута. Во продолжението баскискиот тим се обидуваше да дојде до израмнување, но Каталонците умешно се одбранија.
Фудбалерите на Севилја привремено се најдоа на втото место во шпанското првенство, откако на гости со 3:2 го совладаа Леванте. Тимот од Андалузија поведоа со 2:0 со головите на Жезус Корона во 14 и 27 минута, а за домашната екипа од Валенсија во меѓувреме во 22 минута од пенал израмни Жозе Луис Моралес. Во 81 минута Жулес Коунде повторно ја удвои предноста на гостите, а во 87 минута конечниот резултат го постави Роберто Солдадо.
Сега Барселона и Севилја се израмнети на втората и третата позиција со по 63 бодови, два повеќе од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, а дури 15 бодови помалку од речиси сигурно новиот првак Реал Мадрид.
Леванте остана претпоследен 19-ти со 25 бодови, сега шест помалку од зоната на опстанок, а Реал Сосиедад остана шести со 55 бодови, на позиција која во Европската конференциска лига, два помалку петтиот Реал Бетис кој го држи местото за Лига Европа.
Рајо Валјекано со Столе Димитриевски на голот со погодокот на Серхио Фвардиоло Наваро во 42 минута во Барселона го совлада Еспањол. Рајо сега е 14-ти на табелата со 37 бодови, а Еспањол е две места погоре со два бода повеќе.
Четвртата гостинска победа во четвртокот во Ла Лига ја забележа Аткетик Клуб кој со 3:2 славеше на гостувањето кај Кадиз кој минатото коло ја шокираше Барселона на нејзиниот „Камп Ноу“. Баските за половина час остварија недостижна предност преку Раул Гарсија во 2, Икер Мунијаин во 22 и Микел Весга во 33 минута. Домашните намалија преку Лукас Перез во 56 минута, гостите останаа со ограч помалку во 71 минута кога беше исклучен стрелецот Весга, но Кадиз до крајот само успеа да се избори за чесен пораз со голот на Рубен Собрино во 87 минута.
Атлетик е сега осми со 48 бодови, а Кадиз е 17-ти со 31 бод, еден повоеќе од зоната на испаѓање.