Во рамки на оперативниот систем Андроид 10, Гугл ги отстрани сите опции за снимање повици, а од 11 мај компанијата ќе имплементира и нови правила за Плеј Стор.
Со новите правила кои ќе бидат воведени се спречува ектерни апликации да користат Accessibility API за снимање на аудио повици.
Променетите услови во рамки на политиките за користење се имплементирани за да се подобри приватноста и безбедноста на корисниците, а особено поради фактот дека законите за снимање на повиците варираат од држава до држава.
Исклучок се однапред инсталираните апликации кои веќе имаат дозвола за пристап до Accessibility API и на нив ова отстранување нема да се примени. Тоа се однесува на Pixel и Xiaomi уредите кои имаат сопствени апликации за снимање на повици.
За овие уреди се смета дека имаат изворна функција за снимање повици, но постои можност во иднина да бидат имплементирани некои дополнителни правила за вакви ситуации.