Ѝ даваме пат на Македонија кон Европа, ама тој пат е поплочен со барања, вели Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека никогаш не сметал дека треба да се укине ветото за Македонија за членство во ЕУ, туку дека требало да се помести.

– Промената на Уставот во Северна Македонија мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас – изјави бугарскиот премиер во интервјуто за бугарската Нова ТВ.

Според него, важно прашање се правата на Бугарите во Македонија.

– Ѝ даваме пат на Северна Македонија кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму – нагласи тој.