(ВИДЕО) Протести по победата на Макрон, судири со полицијата-граѓаните не сакаат ни десница, ни либерали

Собири беа организирани во Париз, Рен, Монпеље, Лион, Стразбур… Ангажирани беа силни полициски сили.
Во Париз демонстрантите се собраа на плоштадот Есен, а овој ненајавен собир беше растурен со димни бомби. Демонстрантите потоа се преселија на друга локација во главниот град, Плоштадот на Републиката, каде што дојде до нов судир со полицијата.
Судири имаше и во Рено, каде протестираа неколку стотици луѓе, меѓу кои и некои во познатите жолти елеци. Беа поставени и барикади, а најрадикалните демонстранти фрлаа шишиња кон силите на редот.
Под будното око на полицијата, демонстрантите извикуваа „Ни Маркон, ниту Ле Пен“ во Монпеље и Тулуз. Некои од паролите беа: „Ни фашисти, ниту либерали“.
Неколку одделни групи со факели крстареа со Лион и Стразбур, со пораки со слична содржина. Протестни собири имаше и во Нант и Марсеј.
Демонстрантите го третираа Макрон како претседател на буржоазијата и го споредија со Луј XVI.
Инаку, се дозна дека ново-стариот претседател одлучил да не се врати во Елисејската палата по прославата на победата во неделата вечерта, туку да замине во резиденцијата „Лентерн“ во Версај, каде имал намера да преноќи.