ФОТО| Километарска колона од Прилеп кон Кавадарци поради сообраќајна несреќа

На патниот правец од Прилеп кон Кавадарци има километарска колона од возила.

Според информациите, сообраќајот е во застој поради сообраќајна несреќа.

Неофицијално се работи за сообраќајна несреќа помеѓу камион и автомобил.

Нема информации за повредени или загинати.