
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:
• од 08:00 до 14:00 часот, ул. Саса, крак – 18 во нас. Пинтија. (Општина Кисела Вода)
• од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците: Бриселска, Софиска, Његошева, Копенхагенска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)
• од 12:00 до 15:00 часот, дел од с. Љубош. (Општина Студеничани)
Од ЈП Водовод и канализации-Скопхе известуваат дека поради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник од Ф 80мм. на улица Јордан Хаџиконстантинов Џинот, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Јордан Хаџиконстантинов Џинот, Ристо Шишков, Аминта Трети, 8-ми Март, Наум Наумовски Борче и дел од Бул. Илинден. (Општина Центар)