Русија ја прекина испораката на гас за Полска ?

Полски медиуми тврдат дека Русија ја суспендирала испораката на гасот за Полска, неофицијално дознава полскиот портал Онет. Според извори на медиумот, информациите за намалување на испораките на гас, а потоа и за негово прекинување денеска се од владини извори, како и од полската нафтена и гасна индустрија (PGNiG).
Како што истакнува порталот, Русија официјално не ја известила полската страна за причините за прекинот на испораките.

Според писмото што го добиле клиентите на „Газпром“, од 1 април годинава „непријателските земји“ мора да го платат гасот во рубљи, или во спротивно Русија ќе мора „да ја затвори чешмата“. Повеќето земји од Европската унија, вклучувајќи ги Полска и Германија, не се согласија со овој диктат. Неофицијално се дознава дека рокот за подмирување на плаќањето за гас во руска валута истекол во петокот на 22 април.