Пожар го зафати руското складиште за муниција во близина на Украина – гувернер

Серија експлозии потресоа складиште за муниција јужно од рускиот град Белгород, блиску до границата со Украина, еден ден откако неколку села во истиот регион беа под напади за кои беа обвинети силите на Киев.

Првите силни експлозии се слушнаа низ регионот околу 3:30 часот по локално време, а некои извештаи тврдат дека е активирана противвоздушната одбрана. Неколку фотографии и видеа на кои се гледа пожар, проследен со секундарни експлозии, набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=RL2SSX3mC9w

Нема извештаи за жртви или штета на цивилната инфраструктура, според регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, кој рече дека локален претставник потврдил дека гори складиште за муниција во близина на селото Стараја Нелидовка, на околу 12 километри од украинската граница.

Пожарот наводно бил локализиран до 6:30 часот, но точната причина за инцидентот останува непозната.